ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Превенција од злоупотреба на алкохол тутун дрога и психотропни супстанци 01 06 2026

Превенција од злоупотреба на алкохол, тутун, дрога и психотропни супстанци

Работилница за ученици, наставници и родители – Превенција од злоупотреба на алкохол, тутун, дрога и психотропни супстанци 👥🏫💡✨

На ден 01.06 2026 година во нашето училиште се одржа работилница за превенција од злоупотреба на алкохол, тутун, дрога и други психотропни супстанци, во организација на ученичкиот клуб Безбедна патека и стручната служба на училиштето. 🗓️🛡️🧠🚫

Работилницата се одржа во просториите на училиштето. Гости на работилницата беа претставници од Центарот за социјални работи Јована Георгиева, психолог и Александра Панчевска, психолог од СОС Детско село. 🏫🤝👩‍⚕️📋

Во дискусијата учество земаа и стручните соработници Елена Геговска Стоилковски, психолог и Александра Цветковска, педагог, како и присутните наставници, родители и ученици. 💬👨‍👩‍👧‍👦👨‍🏫👩‍🎓

Голема благодарност до ЦСР- Скопје и Детско село – Скопје и на родителите кои ја дадоа својата поддршка за реализација на оваа активност. 🙏❤️🏢🌟🌱