ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

trening 13 05 2025

Спортска активност во соработка со Кошаркарската Федерација

Денес 13.05.2025 г. во нашето училиште се реализираше спортска активност во соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија која е активен учесник во проектот на Меѓународната Кошаркарска Федерaција (ФИБА) насловен како “Her World, Her Rules”. Целта на овој проект е да го поттикне психофизичкиот развој кај најмладите девојчиња со заложба за обезбедување на квалитетно физичко воспитување преку кошарката.
Проектот се реализира преку низа активности, наменети за девојчиња од најмлада училишна возраст (6 -10) години.
Пред почетокот на тренингот директорката на училиштето потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.
Од нашето училиште во спортската активност учествуваа ученичките од трето, четврто и петто одделение, кои добија маици со логото на проектот и вовед во основите на кошарката. Тренингот беше одржан од страна на репрезентативка Ивана Кметовска, која беше во улога на кошаркарски амбасадор и тренерот Томи Спасовски. Воедно на тренингот присуствуваа и наставничките по физичко и здравствено образование и сите останати ученици од прво до петто одделение, кои го следеа тренингот како публика.
Сите ученици уживаа во овој преубав и несекојдневен спортски настан.
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: