Театарска претстава ,,Шеќерна приказна” за ученици од 1 до 5 одделение
Новата работна недела нашето училиште ја започна со прекрасна театарска претстава за учениците од 1 до 5 одделение.
Театарската претстава ,,Шеќерна приказна” ја изведе Артленд и бејби арт продукција, а учениците уживаа во приказната за слаткарот Марко и неговото шеќерно дете.
Овој прекрасен детски мјузикл, исполнет со шаренолика и колоритна костимографија и сценографија, музика и песни, беше одлична забава за нашите ученици.
На крајот на претставата учениците одблиску се запознаа со актерите и направија заеднички фотографии за долго сеќавање.







Поврзани содржини