ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Учество во Бадникови поворки 06 01 2026

Учество во Бадникови поворки

Денес нашите ученици учествува во традиционалните Бадникови поворки 2026.
Најпрво учениците отидоа во општина Гази Баба каде беа пречекани од градоначалникот Бобан Стефковски кој им подари бадникови пакетчиња.
Потоа се упатија во Соборниот храм на прием кај владиката г.дин Стефан и земаа учество во големата поворка за Бадник.
Бројни дечиња, како умни ангелчиња, во еден глас Му пееја на Вечниот Бог, носејќи светлина и надеж во секое срце.
Денес и земјата и небото се радуваат, во едно срце и една надеж.
Се чека веста за раѓањето на Синот Божји, нашиот Спасител Исус Христос, кој ни ја носи светлината на љубовта, верата и спасението.