Влијанието на бучавата врз животната средина
Еко предавање ,,Влијанието на бучавата врз животната средина” – соработка со НВО Екоѕвон 🌿🔔✨
На ден 20.05.2026 година во нашето училиште се одржа еко предавање во организација на еколошката организација Екоѕвон и соработката со општина Гази Баба. 🏫🤝 Тема на предавањето е ,,Влијанието на бучавата врз животната средина”, а можност да го проследат имаа учениците од 6 и 7 одд. 📢🌱 Целта на активноста е да се подигне јавната свест за штетното влијание на бучавата врз животната средина и животот на луѓето. 🧠🌍 Бучавата е едма од најраспространети, а најмалку завележани форми на загадување. 🔇🔊
Бучавата не им пречи само на луѓето – таа има сериозни последици и врз животинскиот свет. 🐾🐦 За многу животни, прекумерниот шум може да значи губење на ориентација, стрес, па дури и исчезнување. 😿🦌 Бучавото загадување често го игнорираме затоа што не го гледаме – но неговите последици се реални и длабоки. 🛑 Бучавата не само што ни го нарушува мирот, туку го загрозува и опстанокот на многу животински видови. 🦉🦊
Потивка околина не значи само комфор, туку значи поздрави луѓе, поздрава природа и поодржлива иднина. 🌳🕊️💚 Голема благодарност до госпоѓа Слаѓана Стаменкова и НВО Екоѕвон за едукативното предавање. 👩🏫👏💐







Поврзани содржини