Награди од Еколошки конкурс на Општина Гази Баба
Во чест на Светскиот ден на животната средина, на 5 јуни, во населбата Автокоманда се одржа настанот „Вело родео“ – едукативно-забавна манифестација во организација на Општина Гази Баба, наменета за подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина и промоција на алтернативни и еколошки видови транспорт, како што е возењето велосипед.
Во рамки на настанот беа доделени и наградите од Еколошкиот конкурс што секоја година го распишува Општина Гази Баба, со цел да ги поттикне најмладите граѓани да размислуваат и делуваат во насока на зачувување на природата.
Во категоријата најубав состав/расказ/стихотворба (од 6то до 9то одделение) нашата ученичка Нела Атанасовска, 7-2 одд. го освои првото место под менторство на библиотекар Маја Ѓорѓиев.
Во категоријата најубав цртеж (од 1во до 5то одделение) второ место освои нашата ученичка Марија Глигорова, 5-2 одд. под менторство на одделенски наставник Јулијана Станковска Колевска, а третото место го освои ученичката Јана Веновска, 5-2 одд. под менторство на одделенски наставник Јулијана Станковска Колевска.
Им честитаме на сите наградени ученици и нивните ментори.