Известување за почеток на учебната 2025-2026 година
Почитувани ученици и родители,
Ве известуваме дека учебната 2025/2026 година ќе започне на 01.09.2025 година (понеделник) со следниот распоред:
Наставата за учениците од II, III, IV и V одделение ќе започне во 7:30 часот.
Наставата за учениците од VI, VII, VIII и IX одделение ќе започне во 10:00 часот.
Свечен прием на првачињата ќе се одржи во 9:00 часот во училишниот двор!
Наставата од 02.09.2025 година (вторник) продолжува со следниот распоред на смени:
Прва смена од 07:30 часот за учениците од I – V одделение.
Втора смена од 13:00 часот за учениците од VI – IX одделение.
Во текот на целата учебна година учениците од I – IX одделение ќе одат во две смени со промена на смената на две недели.
ООУ Крум Тошев – Трубарево ви посакува среќна и успешна 2025/2026 учебна година!