ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Професионален развој на наставниот кадар - 27.05.2026

Професионален развој на наставниот кадар

Денес во Хајделберг бизнис факултетот во Скопје се одржа обука на тема „Современиот наставник применува техники за современа настава и развива критичко мислење кај учениците“, во која земаа учество дел од наставниот и стручниот кадар од нашето училиште. 🏫🎓💡

Наставници, стручни соработници и директори имаа можност преку практични примери, интерактивни вежби и споделување искуства да дискутираат за важноста на критичкото размислување во современото образование. 👥📝🧠

Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски, а завршен говор одржа проф. д-р Мирјана Алексова. 👨‍🏫👩‍🏫🎤

Преку реални ситуации и современи наставни техники, учесниците работеа на методи кои ја прават наставата поразбирлива, поинтересна и поприменлива за учениците. 🛠️📈🌟

Со развој на професионалните компетенции на наставниот и стручниот кадар се овозможува реализација на современа и модерна настава. 🚀📚🔝

Alfa Logo40, 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе