ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Соработка со Пожарна Скопје 26 05 2026

Соработка со Пожарна Скопје

👨‍🚒 Денот на пожарникарите во Македонија се одбележува секоја година на 20 Мај. Тоа е ден посветен на луѓето кои секојдневно со храброст и пожртвуваност ги штитат нашите животи, нашите домови и природата. Овој ден е израз на благодарност и почит кон оваа тешка и благородна професија.
👨‍🚒 По тој повод во нашето училиште на големо задоволство и радост имавме посета од тим пожарникари од Пожарна Скопје, кои накратко ги запознаа учениците со нивната опрема, професија, предизвиците со кои се соочуваат секојдневно. Учениците уживаа во презентацијата на пожарникарите кои им ја покажаа опремата и облеката , но и практично покажаа како се гаси пожар.
👨‍🚒Голема благодарност до Мартин , Васе и Филип кои несебично одвоија време да не запознаат одблизу со професијата – пожарникар.