17
Ное, 2025
На 14.11.2025 година во нашето училиште претставници од Македонско здружение за исхрана и здравје одржаа две едукативни работилници – предавање на тема: Климатските промени и здравствените предизвици за младите генерации , за ученици од 6 до 9 одделение и предавање на тема: Код на здраво живеење , за ученици од 5 одделение.
Сите ученици стекнаа нови знаења за влијанието на климатските промени врз животот на луѓето, како и за значењето на здравата исхрана за подобар живот.
Голема благодарност до Македонско здружение за исхрана и здравје кои ни ги овозможија овие прекрасни едукативни предавања.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.