ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

04 geografija 26 02 2025

Општински натпревар по географија 22.02.2025

Во организација на Здружението на професори по географија на Македонија “ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ” – Скопје, на 22.02.2025 година се одржа општинскиот он-лајн натпревар по географија на кој учествуваа нашите ученици од осмо одделение Анабела Ѓорѓиевска, Ивона Тоневска и Илија Соларов.

Ученичката Анабела Ѓорѓиевска освои прво место и 100 бодови, а ученичката Ивона Тоневска освои трето место и 97 бодови со што се пласираа на регионалниот натпревар.

На ученикот Илија Соларов му честитаме за учеството и освоените 62 бодови.

Им честитаме на сите ученици што го претставуваа нашето училиште и покажаа одлични резултати!