Училишни спортски лиги 2025 – 2026
На 18 октомври 2025 година (вторник), во спортската сала при ООУ „Вера Јоциќ“ – општина Гази Баба, свечено беше означен почетокот на новата сезона од Училишните спортски лиги. Претседателот Ивица Петрушевски им посака на сите учесници фер игра, спортски дух и големи успеси.
По свеченото отворање се одигра првото коло од лигата во одбојка – девојчиња (VIII и IX одделение). Екипите ја покажаа својата борбеност, а натпреварите беа проследени со многу енергија.
Нашата екипа во одбојка под раководство на наставник Викторија Гоцевска во натпреварот со ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ го постигна следниот резултат 1:2.
Честитки за победничките екипи!
Им посакуваме многу успех и уште подобри натпревари во претстојните кола.
