ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Едукативно предавање - Толеранција 18-11-2025 - слика 1

Едукативно предавање – Толеранција

Учениците од 5-2 одделение учествуваа во едукативна и креативна работилница посветена на толеранцијата, која ја одржа стручниот соработник психолог Елена Геговска Стоилковски.
Преку примери од секојдневието учениците и психологот разговараа што значи да се почитуваат различностите, како да бидеме трпеливи едни со други и како да градиме позитивни односи.
Децата заедно пишуваа љубезни и убави зборови кои можат да помогнат во тешки ситуации и да поттикнат подобра комуникација.
Убавиот збор железни врати отвара.

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе