Отворено летно кино под ѕвездите
Отворено летно кино под ѕвездите во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба
Драги деца и возрасни,
Ве покануваме на незаборавно филмско доживување во дворот на Кино Маџари!
Датум: 12/08/2025
Време: 20:00
Локација: Дворот на Кино Маџари
Оваа вечер ќе уживаме во топлата и забавна приказна на „Lilo & Stitch“ – филм полн со пријателство, љубов и авантури од далечната Хаваи!
Понесете добро расположение, ќебенце или столче, и подгответе се за магија на големото платно под отворено небо!
Понеси ќебенце или столче
Влез: БЕСПЛАТЕН